Гвардиола и Мурињо во битка за играч на Тотенхем


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, левиот бек на Тотенхем Дени Роуз е голема трансфер желба на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Наводно, Сити е спремен веќе во јануари да понуди 30 милиони евра за 26-годишниот лев бек кој важи за еден од најдобрите во Премиер лигата.

„Граѓаните“ имаат многу проблеми во одбраната, особено на бековските позиции каде сите играчи кои ги има Гвардиола се постари од 30 години, па сака да донесе засилување на тие позиции.

Сепак, на Пеп нема да му биде лесно да стигне до потписот на Дени Роуз бидејќи силен интерес за него покажува и Жозе Муроњо.

Португалецот не е задоволен од игрите на Лук Шо, па сака да го донесе играчот на Тотенхем по секоја цена на „Олд Трафорд“.