Гвардиола го „украде“ бисерот на Еспањол!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најголемите таленти во Шпанија и член на Еспањол, Оскар Таренси ќе потпише договор со Манчестер Сити, соопштија шпанските медуми.

Според каталоснки „Спорт“, преговорите се во напредна фаза и трансферот треба да биде комплетиран во следните недели.

Таренси е поливалентен играч кој може да игра како бек и лево крило и наскоро ќе наполни 16 години, па ќе може да потпише професионален договор.

Манчестер Сити го следи играчот веќе подолго време бидејќи скаути на „граѓаните“ се доста присутни во Шпанија.

Ова ќе биде голем удар за Еспањол, но и за шпанските клубови, бидејќи Таренси важи за еден од најголемите таленти на Пиринеите.