Гвардиола го отпиша капитенот – тргнува по нов дефанзивец!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Новата повреда на Компани е јасен знак дека Гвардиола нема да може серозно да смета на него во иднина, па Сити во јануари ќе тргне во потрага на дефанзивец.

Гвардиола по секоја цена сака да донесе стопер на „Етихад“ кој ќе биде партнер на скапо платениот Стоунс, бидејќи не му верува многу на Отаменди, а единствена алтернатива му е Коларов како централен дефанзивец.

Според тврдењето на медиумите повторно прва мета ќе биде Леонардо Бонучи за кого „граѓаните“ се спремни да понудат 60 милиони евра, но тешко е да се поверува дека Јувентус ќе се согласи на негова продажба.

Алтернатива за Италијанецот е Емерик Лапорте од Атлетик Билбао кој е поодамнешна желба на Гвардиола, и многу пореална опција од Бонучи.