Гутереш: ЕУ да покаже ентузијам за проширувањето кон Западен Балкан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во разговор со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, изрази очекување дека Брисел ќе покаже поголем ентузијазам за проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан, пренесува ТВ Сител.

Во соопштението од Кабинетот на Ѓукановиќ се наведува дека Гутереш, во контекст на постигнување целосна стабилност на регионот, ја истакна важноста за создавање средина во која работите ќе се одвиваат позитивно и оцени дека тоа е една од причините за нерешавање на отворените прашања, со одреден застој на Брисел во поглед на проширувањето.