Густата магла и загадениот воздух ги преплавија детските клиники со мали пациенти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


200 деца дневно се прегледуваат во детската болница „Козле“, а сите кревети се пополнети со пациенти каде се хоспитализирани 75 деца.

Доктор Мирјана Поповска објаснува дека во моментот децата боледуваат од вирусот на грип инфлунеца А и РСВ респираторниот или синцицискиот вирус. Оваа состојба кај децата дава високи температури и по неколку дена, пренесува Канал 5.

70 прегледи дневно има и на Клиниката за инфективни болести има и ковид и грип. Клиничката слика со ковид е многу полесна од претходно, благо зголемена температура, слабост во телото, губење на осетот за мирис, додека грипот носи висока температура по неколку дена. Потешко помиуваат постарите луѓе и оние со хронични заболувања.

Докторите препорачуваат редовно миење на рацете избегнување на големи собири, а луѓето кои имаат симптоми на респираторна болест да не се мешаат во група со луѓе. Педијатрите со порака: „децата да не се изнесуваат надвор кога има магла и е загадено и по можност да заминат периодов на планина.