Ѓуровски: Уживав додека играв за Македонија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски, штотуку ја заврши сезоната во Тајланд, со учинок од 17 гола и исто толку асистенции.

Фудбалерот кој настапува за Бангкок Јунајтед има 12 настапи за А репрезентацијата на Македонија, а сега откри зошто престанал да го носи „црвено-жолтиот“ дрес.

„Македонија и репрезентацијата, тоа се моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Со доаѓањето во Тајланд и понатаму останав позитивен, но во договорот со тогашниот клуб Муанг Тонг, ја стопирав својата репрезентативна кариера од причина што лигата не ги пратеше термините на ФИФА и УЕФА, и фактични јас ќе пропуштав повеќе од 10 натпревари во лигата. Тоа не беше возможно, па решив да играм за репрезентацијата“, изјави Марио Ѓуровски.