Ѓуриќ депортиран во Србија, косовските Срби ја напуштаат косовската Влада


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој беше уапсен на Косово, депортиран е во Србија, каде што му била укажана лекарска помош.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини ја осуди ескалацијата по вчерашното апсење на Ѓуриќ и акцијата на косовските безбедносни служби и ги повика властите на Косово и на Србија на дијалог и воздржаност.

Српскиот претседател Вучиќ оцени дека Приштина дејствувала брутално и незаконски, со поддршка на одделни земји, а косовскиот претседател Тачи тврди дека операцијата била во согласност со законите.

По настаните во Митровица, преставниците на Српската листа во Приштина усвоија иницијатива за напуштање на косовската влада.

„Терористи облечени во униформи на специјална единица на непостоечката држава Косово сакаа да покажат дека може да го заземат северот на Косово, изјави во своето обраќање српскиот претседател“, Александар Вучиќ, по апсењето на Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата на српската Влада за Косово и Метохија. Како што рече, тоа го направиле со поддршка од Еулекс.

Вучиќ во изјавата тврди дека Србија ги испочитувала сите меѓународни акти и дека на време ја известила Приштина за намерата на српските политичари и министри да влезат на Косово. Според него, Канцеларијата за Косово и Метохија 75 часа пред пристигнувањето ги известила надлежните органи на Косово дека Ѓуриќ ќе го посети Косово. „Притоа, според договорот за официјални посети, потребни се 72 часа ако јас одам на Косово, за Марко Ѓуриќ се потребни 24 часа“, рече Вучиќ. Тој истакна дека не станува збор за дозвола туку за известување.