Guns ‘N’ Roses првин се избрукаа и беа исвиркани, па направија спектакл


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Американскиот рок бенд Guns ‘N’ Roses, кои се наоѓаат на турнеја во Австралија, беше исвиркан од своите 70.000 фанови во Мелбурн, откако прво задоцнија на концертот, а потоа направија и гаф.

Имено, техничарот за гитари Мекбоб, кој воедно е и долги години најавувач на групата, преку разглас ги поздрави жителите на Мелбурн со „Поздрав Сиднеј“.

„По 30 години нашиот најавувач Мекбоб направи грешка. Навистина ни е жал“, се извинија од бендот.

Сепак, Guns ‘N’ Roses се искупија и направија спектакл за паметење.