Guns ‘n’ Roses ќе издаваат сликовница за деца – како ви звучи тоа?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Станува збор за приказна инспирирана од еден од најголемите хитови на Guns ‘n’ Roses, „Sweet Child O’Mine“. Во пишувањето учествуваа членовите на бендот и писателот Џејмс Патерсон. Сликовницата го носи истиот наслов како и хитот од 1988 година.

„Како долгогодишен обожавател на бендот, возбуден сум што ќе работам со нив и ќе ја оживеам славната песна на страниците од сликовницата“, порача Патерсон.

Сликовницата „ја слави љубовта и музиката, поврзувајќи ги луѓето на најубави начини“. Приказната говори за Наталија и Маја, ќерка и внука на менаџерот на бендот, Фернандо Лебелс, прикажувајќи ги нивните авантури додека растат на турнеите од бендот.

Ова не е прв пат писателот Патерсон да соработува со други во писателски проекти. Неодамна ја напиша книгата „The President Is Missing“ заедно со бившиот претседател на САД, Бил Клинтон.