Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Типов еднаш кога дојде на Балканот (а потоа доаѓаше уште многу пати), посебно во Србија, толку му легна локалнава пијачка, толку ја бендиса и се изнервира што не може да ја наоѓа на ниту едно друго место, па реши да почне да си произведува сопствена ракија. Дури и ја брендираше со името „Yebiga“ („Јеби га“).
Етикетата од „Yebiga“ е во форма на некролог, со баба која пие ракија на него, а се промовира под традиционалниот српски и балкански слоган „Баба знае најдобро“.
Гулд ракијата е поврзан е со дестилерија од Србија, ракијата велат дека е врвна, има 43 степени, се прави од рачно берена чачанска слива и чиста изворска вода. Влегува во шише по 18 месечно одлежување во дабови буриња. За оние што се палат на рецензентски финеси, ракијата има „изразени ноти на боровина и овошје, лесно тело и долг финиш во кој се чувствува цитрус и ванила“ (јер јебеш шљивка ако не удри на ванила а утредента нежниот цитрус не те потсети каков гипс си се направил вечерта).
„Нема веќе скршени шишиња по куфери, нема веќе чекање бившата да се омажи или дедото да умре, сега секој ден можете да уживате во есенцијата на домашното совршенство,“ порачува тврдиот рокер кој е мераклија за ракија.