Гугл ја отстрани една од најпопуларните опции: „Најлоша промена во историјата на човештвото“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Корисниците на Гугл побеснаа поради нивната промена во пребарувањето. Имено Гугл со резултатите од пребарувањето го отстрани копчето за преглед View Image.

Последица за тоа е договорот со агенцијата за фотографии „Getty Images“ која порано го тужеше Гугл бидејќи корисниците со пребарувањето доаѓале до фотографијата без да ја посетат страната.

Опцијата View Image им овозможуваше на корисниците да добијат URL од фотографијата која сакаа да ја видат, а да не ја посетат страната каде што е објавена фотографијата.

Корисниците веднаш се пожалија на социјалните мрежи, а некои заминаа предалку и оваа промена ја нарекоа „најлоша промена во историјата на човештвото“. Многу препорачаа дека после ова ќе користат други пребарувачи.

Секако, доколку сакате да ја превземете фотграфијата, притиснете десен клик и „отвори ја сликата во нов таб“.