Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште пред нешто повеќе од 16 години, реномираниот весник The Guardian пласираше текст со предупредувачко-алармантен наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот“.
Според овој напис кој The Guardian го објави во 2001 година, инсинераторот што како подарок бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, ги прекршува стандардите на Европската Унија и би бил нелегален во Британија. Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла“ е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје, пренесува „Макфакс“.
Британската влада го доделила инсинераторот како хуманитарна помош и тој, според сторијата, се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Текстот напишан уште пред 16 години почна масовно да се споделува денеска на социјалните мрежи кај домашните корисници и повторно предизвика реакции на загриженост за високото ниво на загадување на воздухот.
„Доколку земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева, инсинераторот би морал да се затвори бидејќи е опасност за мештаните и ги прекршува стандардите на ЕУ. Инсинераторот е еден од неколкуте обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниеден не ги задоволува стандардите на ЕУ“, пишува The Guardian.
Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“.
Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.
„Јас сум изненаден што британската влада се обврза на таква практика“, рекол тој. „Оваа технологија е забранета во Западна Европа, едноставно не е во ред да им ја даваме на Македонците, знаејќи дека ќе има токсични емисии и треба да се укине кога ќе влезат во ЕУ“.
Филип Рушбрук од Светската здравствена организација вели дека бил против опремата, но рекол: „Ова горење е многу подобро од алтернативата горење отпад во големи метални кутии кои произведуваат далеку полоши димни гасови и можни болести“.
Рушбрук признава дека печката за горење на отпад ги прекршила одредбите на ЕУ, но додал: „Можеби не сме успеале да најдеме пари за горење со напредна технологија. Ако го направивме тоа, Македонците можеби ќе немаа пари или експертиза за да управуваат со него.“