Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фармацевтската компанија Pfizer во Бразил започнал кампања Vacina In Game во обид да ги поттикне младите да се вакцинираат.
Компанијата создала мисија во видео играта Cidade Alta, најголемиот и најгледан GTA V RP сервер во Латинска Америка. Играчите во таа мисија мора да стигнат до центарот за вакцинација, а по вакцинацијата ликот од видео играта добива белег на раката, што во принцип е потврда за вакцинација.
Патем, на таквите неофицијални сервери за компјутерската верзија на играта GTA Online, играчите имаат контрола над правилата на играта и можат да играат улоги што не се достапни на официјалните сервери на Rockstar. Cidade Alta, на пример, му овозможува на корисникот да имитира елементи од реалниот живот.
Pfizer вклучил голем број бразилски стримери во оваа кампања. Инаку, овој потег е дел од програмата „Vacina. Tomar para Retomar“ во која дополнителна заштита во играта добиле ликовите на играчите кои биле вакцинирани во реалниот живот.