Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација вчера запиша пораз во Лигата на Нации на домашен терен против Грузија (0:3).
Првото полувреме донесе изеднчена игра на двете страни и ние и Грузија знаевме да се заканиме на моменти. Шансите на Грузија беа најмногу преку контранапади, сепак изостанаа 100% прилики и на двете страни.
Стартот на второто полувреме донесе многу подобро игра на гостинската репрезентација. Тргнаа гостите агресивно и првата најсериозна заканаа ја имаа по еден корнер, кога после удар со глава топката заврши над голот.
Само неколку минути по таа прилика, се играше 52. минута кога „заспа“ нашата одбрана и една топка од левата страна стигна до Зивзивадѕе кој го матираше Димитриевски. Веднаш по тој гол Грузијците создадоа и уште една прилика за гол.
Тој добар период уште еднаш го искористија во 62. минута. Кварташкелија шутираше надвор од шеснаесентикот, Димитриевски лошо интервенираше и топката заврши зад неговиот грб во мрежата.
До крајот на натпреварот Грузија ја искористи нашата индиспонираност и постигна уште еден гол во 83. минута за конечни 0:3, ние не успеававме посериозно да се заканиме.
Со овој пораз се ставивме во тешка позиција за првата позиција во групата. Грузија сега има девет на врвот, ние останавме со четири. Ќе потсетиме, првото место носи во бараж за Европското првенство во Германија во 2024 година.