Home Актуелно Групната маска „Водици во Прилеп“ победник на прилепскиот карневал Прочка 2019

Групната маска „Водици во Прилеп“ победник на прилепскиот карневал Прочка 2019

Групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“ е избрана за најдобра маска на карневалот „Прочка 2019“, кој се одржа минатиот викенд во Прилеп, а на кој учествуваа околу 600 маски од земјава и од Балканот. Во изведувањето на маската учествуваа 30 членови на здружението.

Според претседателот на карневалското жири Хилда Црнеска, по денешниот успешен настап на маските доделени се награди за најдобри современи и најдобри традиционални маски. Најдобра традициона маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.

Групната маска „Метаморфоза“ на учесниците од Лесковац, Србија е најдобра современа маска на прилепскиот карневал. Второто место е за учениците од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ кои ја направија маската „Пролетна забава“, а третото е за „Малата сирена“ на прилепското танцово студио „Зодијак“.

На завчерашниот детски карневал, најмаска беше „Мадагаскар“на учениците од основното училиште „Блаже Конески“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…