Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Речиси дваесет лица се степале во Тетово во неделата вечер, при што еден бил прободен со нож во левата натколеница, јави полицијата.
Имено, во неделата, околу 19:30 часот во Тетово, на ул. 133, при вербална расправија помеѓу две групи, од една страна 10 до 12 лица и од другата страна шест лица, Е.Ц. на Ѓ.Д. (21) со нож му нанел убодна рана во пределот на левата натколеница.
Причина за насилството е бидејќи Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.