Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жестока воена битка се води во моментов на Филипините. Терористичката група на “Исламска држава” зазеде цел град. Против нив се испратени ескадроните на смртта на претседателот Родриго Дутерте кој ја прекина посетата на Москва, за да се врати дома и да ја надледува операцијата против терористите, соопшти Лајф Ру.
Поради закана од ИД, претседател на Филипините објави воена состојба на вториот по големина остров – Минданао.
Ситуацијата во регионот се вжештува. Според податоците на медиумите во јужниот дел на Филипините избувнале најмалку два експлозии.
Како резултат на нив загинале најмалку 14 лица, а се повредени повеќе од 50. Рачно изработена бомба експлодирала во рикша која била паркирана на локалниот пазар. Друга бомба експлодирала во станбен кварт. Според податоците за време на судирите со екстремистите загинале најмалку двајца полицајци.
СНН Филипини информира дека членовите на групата “Маут”, се обврзала на верност на “Исламска држава и го презела градот Марауи, кој се наоѓа во провинција Лана дел Сур.
Како одговор на нападот натерористите, во реонот се испратени силите за специјална намена, познати како “одредите на смртта”, кои се под раководство на генерал Реституто Педи.
Во градот и неговата околина се одвиваат тешки борби. Рускиот претседател Владимир Путин вечерва одржа вонредна средба со Дутерте, пред филипинскиот претседател да отпатува Манила, соопштија од Кремљ.