Актуелно

Грујевски и Бошковски ја обжалуваат одлуката за екстрадиција во Македонија


Бившите УБК началници, Горан Грујевски и Никола Бошковски, поднесоа жалба на одлуката од страна на солунскиот суд за нивна екстрадиција во Македонија веднаш по објавувањето на истата. Тие бараат случајот да го разгледа атинскиот Врховен суд.

Соопштувањето на одлуката исто како и сослушувањето било зад затворени врати.

Телевизија 24 објави дека судот во Солун ја одобри екстрадиција за двајцата поранешни началници на УБК.

Грујевски и Бошковски беа уапсени во октомври на аеродромот во Солун при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top