Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Солунскиот суд одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, ќе ја објави на 5 јануари 2018 година, изјави за МИА нивниот адвокат Петар Василев.
Соопштувањето на одлуката е одложено затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик, нешто на кое што инсистирале адвокатите на обвинетите.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.