Груевски забележан на аеродром во Истанбул, од партијата велат дека е на конгрес на Малта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека собранието решава кој ќе го води на конститутивната седница, столчето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски остана празно откако и од партијата потврдија дека тој е на службен пат во Малта . И покрај снимките кои се појавија во јавноста на кои се гледа дека Груевски е сниман на аеродром во Турција сепак од ВМРО ДПМНЕ велат дека заминал во Малта.
Никола Груевски заедно со партиската делегација  ќе учествува на конгрес на Европската народна партија каде присутни ќе бидат функционерите од политичкиот естабилишмент на ЕУ . Во Малта се очекува да присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, Претседателот на ЕК Јункер, и претседателот на ЕУ Доналд Туск.
Од СДСМ, пак, вчера бараа одговор зошто Груевски ја напуштил државата наведувајќи дека со тоа сака да избегне од одговорност во моменти кога Македонија треба да добие нов претседател на Собранието. Во дописот наведуваат.
Груевски може да бега од државата, но не може да избега од реалноста. Со денешното бегство од Македонија, уште еднаш докажа дека не го интересира државата. Со или без Груевски, Македонија ќе добие нов претседател на собранието, мандат за составување влада и нова реформска влада на граѓаните предводена од СДСМ, велат од партијата.
Во услови на продлабочена политичка криза неодамна реагираше и меѓународната заедница за патувањата на претседателот Ѓорѓе Иванов. А по неговото враќање на службен пат сега замина и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски .