Груевски: ВМРО ДПМНЕ е подготвено за дебата, но не зависи се од нас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ВМРО ДПМНЕ секогаш е подготвено да дискутира и дебатира со секого кога се во прашање националните и државните интереси, но во сегашната ситуација не зависи се од нас, туку најмногу од СДСМ чија тактика очигледно беше по секоја цена да се направи криза бидејќи веруваа дека тоа e единствениот начин да дојдат на власт, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

По увидот во градежните работи на катната гаража Смилевски конгрес, Груевски, одговарајќи на новинарски прашања рече дека е јасно оти СДСМ не сака никакви чекори во правец на стабилизирање на државата, освен нивната зацртана цел по секоја цена да дојдат на власт дури и по цена на државните и националните интереси.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ дополни дека е јасно оти СДСМ има добиено, како што рече, голема фактура која ги притиска и за која имаат скапа кирија.

Но, неприфатливо е ниту за ВМРО ДПМНЕ, ниту за народот таа кирија и таа фактура да ја плаќа народот и да биде завршена работата на грбот на народот и на државата. Токму затоа народот во толку голем број и толку долго време, како никогаш досега, секојдневно се спротивставува и пружа отпор. СДСМ треба да знае дека народот и ВМРО ДПМНЕ нема да дозволат таа фактура и кирија да ја плати народот на сметка на неговите интереси и на државните и националните интереси, рече Груевски.