Актуелно

Груевски веќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ – партијата го укинува тој статус

Во синоќешното гостување на емисијата „24 Отворено“, првиот човек на најголемата опозициска партија кај нас ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека Никола Груевски повеќе нема да биде почесен претседател на опозициската партија, бидејќи се укинува тој статус.

Покрај таа функција, се укинуваат и уште неколку други места во партијата.

Мицкоски не сакаше експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен претседател во моментов, но истовремено е пребеган азилант во Будимпешта избегнувајќи ја двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.

Advertisements
To Top