Груевски со нотарски акт ја достави оставката во Собранието


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најавената oставка на пратеничката функција, поранешниот премиер Никола Груевски, кој ја напушти државата и доби политички азил во Унгарија, е доставена во Собранието во средата на 5-ти јуни.

Се очекува во понеделник на координација претседателот на Собранието заедно со координаторите на пратеничките групи да ја разгледаат оставката на Груевски и да одлучат дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник, имајќи предвид дека веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, точка на дневен ред ставена на истата седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА вели дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

– Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците, рече Џафери.