Груевски повторно доцнеше на судење, Фетаи побара да биде присилно приведен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски доцнеше 20 минути на денешното рочиште за насилството во општина Центар. Обвинителката на СЈО побара од судот Груевски да биде приведен.

Фетаи во судница се повика на законските одредби според кои ако обвинето лице е уредно повикано, а не се појави на судење, ниту го оправда своето отсуство, веднаш да биде приведен. Обвинетиот Груевски на рочиштето се појави со задоцнување од 20 минути.