Груевски поднесе неотповиклива оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе бира нов лидер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На вонредниот конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово, ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов лидер на партијата, откако Никола Груевски поднел неотповиклива оставка на состанокот кој Централниот комитет на партијата го одржа вчера.

На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира ганералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.

Иако засега нема официјална потврда, најсериозни кандидати за челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, се Мицковски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски.

Генералниот секретар Мицковски, пред состанокот на ЦК потврди дека не е исклучена можноста тој да биде кандидат за партиски лидер.

Милошоски, пак, рече дека сѐ уште не решил дали ќе се кандидира за наследник на Груевски. Според него е важно да има транспарентен конгрес.

„Помалку е битно новото име за претседател на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција“ – истакна Милошоски.