Home Актуелно Груевски од суд појде да докторира на факултет!

Груевски од суд појде да докторира на факултет!

Експремиерот Никола Груевски денеска имаше прилично интересен ден. Прво се пријави на шалтер во Основниот суд Скопје 1, а потоа со ќерките и неговата мајка Надица стигна на Економскиот факултет во Скопје каде го одбрани докторатот.

Денеска на Економскиот факултет во Скопје, екс премиерот Никола Груевски го бранеше докторатот пред петчлената комисија од професори.

„Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање – рече Груевски во презентирањето на докторатот.

Презентацијата на докторатот траеше еден час. Меѓу присутните беа неговите две ќерки и мајка му Нада Груевска, а бранењето на докторатот не го слушаше неговата сопруга Боркица.

Еден од професорите во комисијата ја прочита и биографијата на Груевски, осносно неговата долга кариера како економист, а не го изостави и лидерството во ВМРО-ДПМНЕ и десетгодишната премиерска функција.

Фото: Фокус.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…