Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не планирам да се повлечам од лидерската позиција. Ние на последните избори победивме и освоивме најмногу гласови во Македонија и имам долг кон сите граѓани што не поддржаа и што гласаа за нас да продолжиме да се бориме за една добра иднина за Македонија, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Институтот за филм во Охрид.
Тој посочи дека во последно време ова прашање го отвораат многу опоненски партии и медиуми блиски до нив очигледно, вели, поради желба да дојде до смена на раководството во ВМРО ДПМНЕ.
Очигледно е дека имаат желба да дојде до промена во раководството на ВМРО ДПМНЕ затоа што имаат страв од ова раководство, затоа што знаат дека ќе ги губат наредните избори како што ги изгубија и сите досега, рече Груевски.
Во овој контекст тој го отвори и прашањето за оставката на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што рече, како лидер на СДСМ ги изгуби последните два избори во 2014 и 2016 година.
Последните два изборни порази се на чело со Заев, и во 2014 и во 2016. Тој и во двата наврата вети пред граѓаните дека ако ги изгуби изборите ќе си даде оставка. Се уште веројатно многумина ја очекуваат или оставката или објаснување зошто и во 2014 кога вети дека ќе се повлече ако ги изгуби изборите не се повлече и зошто во 2016 кога јавно кажа дека ако ги изгуби изборите ќе се повлече се уште не го прави тоа, рече Груевски.