Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адвокатскиот тим на бившиот премиер Никола Груевски во средата до Врховниот суд дотавиле барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“, за кој Груевски има правосилна пресуда од двегодишна затворска казна, воедно барајќи и одложување на издржување на затворската казна.
Експремиерот Никола Груевски доби упатен акт да се пријави во затворот во Шуто Оризари, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.
Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот. Упатниот акт му беше доставен утринава во Кривичниот суд, каде што Груевски го чекаше продолжението на судскиот процес за „Траекторија“.
Првостепената пресуда за предметот наречен „Тенк“ скопскиот кривичен суд, односно Судечкиот совет со кој раководеше судијката Добрила Кацарска, ја изрече на 23 мај оваа година и со неа помошникот министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, беше осуден на 6 и пол, а Никола Груевски на две години затвор. На петти овој месец, Апелециониот суд во Скопје, донесе решение со кое на Поповски му беа намалени две години од првобитната казна, а пресудата за Груевски беше потврдена во целост.