Груевски му порача на Заев преку ХРТ: Или прифати нови избори, или нашиот предлог


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По завчерашното гостување на Зоран Заев на Хрватската радио-телевизија, вчера таму гостуваше и Никола Груевски. Според него, има две опции за излез од кризата: или нови избори заедно со локалните или Заев да ја прифати понудата на ВМРО ДПМНЕ да се откаже од платформата и да добие малцинска влада со поддршка од ВМРО ДПМНЕ.

На прашањето, зошто  албанска платформа е спорна за него, имајќи предвид дека и самиот тој слично нешто потпишал во 2008 година, Груевски вели дека тоа било нешто сосема различно.

-Она што денеска се прави оди кон бинационална држава, спротивно е на Уставот на Македонија и ги занемарува другите малцинства. Таквата платформа не е најавена во предизборната кампања и потпишана е во друга држава, под покровителство на премиер на друга држава, Еди Рама, што го потврди и една партија која учествува во неа, Беса, изјави Груевски.