Груевски ќе се снима додека е на обвинителна клупа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Адвокатите од Никола Груевски добија негативен одговор од судските органи за забрана да се снима судењето на бившиот премиер.

Судијата во предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство го одби барањето на адвокатите кои го застапуваат екс премиерот, Никола Груевски, на медиумите да им се забрани да направат видео снимки пред почетокот на денешното судење. И покрај нивното барање судот сепак им дозволи на медиумите да направат инсерти од обвинетите на обвинителна клупа.

Со тоа почна судењето за уривањето на комплексот „Космос“, во сопственост на бизнисменот, Фијат Цановски. Во овој предмет се обвинети седум лица за злоупотреба на службената положба и овластување. Првообвинет е Груевски, а второобвинет поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Судењето ќе се снима тонски и визуелно.