Груевски и Јанакиески на обвинителна клупа – ново рочиште за случајот „Насилство“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случајот „Насилство“ во кој обвинет е екс-премиерот Никола Груевски.

Денеска како сведоци се поканети и градоначалникот на општина центар Андреј Жерновски, претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, директорот на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ, како и други 19 сведоци. Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

На претходното рочиште во случајот „Насилство“ кое се одржа на 10 март, во судницата не се појави ниеден од обвинетите: Груевски, Jaнакиески, Рангелова и останатите единаесетмина. Објаснувањето на адвокатот на дел од обвинетите, Никола Додевски, беше дека неговите клиенти не се појавиле бидејќи има решение со кое Советот на јавни обвинители бара промена на обвинителот во случајот, односно на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.