Груевски: Излез од кризата се предвремени избори заедно со локалните, или отфрлање на Тиранската платформа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните, или отфрлање на Тиранската платформа и поддршка од ВМРО ДПМНЕ за малцинската влада на Зоран Заев, се единствените решенија што ВМРО ДПМНЕ ги гледа за излез од сегашната политичка криза.

Ова го истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на средбата со амбасадорката на НР Кина Јин Лисјен, на која, освен за политички прашања, се разговарало и за економската соработка меѓу двете земји.

Груевски уште еднаш посочи дека СЈО продолжува да дејствува со исклучиво политички, а не правни цели.

Се покажа дека СЈО се претвори во инструмент за политички прогон засега насочен кон ВМРО ДПМНЕ, а во корист на СДСМ и оние кои стојат позади нив во целата оваа операција, но тоа народот го препозна и затоа е огромниот револт кај граѓаните. Истовремено политичкиот инструмент СЈО се насочи и кон притисоци на медиуми кои не се под контрола на СДСМ, што е уште еден доказ за задните намери во нивното работење, рече Груевски.

Тој уште рече дека е прекршен принципот победничката партија од македонскиот блок да коалицира со победничката партија од албанскиот блок.

Ако заради остварување на некои етнички цели македонските или албанските партии започнат со непринципиелни договори и коалицирања меѓу победниците и поразените, тогаш ќе се постави прашањето зошто воопшто се оди на избори и зошто воопшто Македонците и Албанците гласаат за својот фаворит, кога мнозинството на граѓаните би останале занемарени, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Соговорниците констатираа нагорен тренд на економска соработка меѓу двете држави што може да се забележи во повеќе сфери и области, и се постигна взаемна согласност дека потребно е дополнително искористување на расположливите потенцијали за зголемување на трговската и економска размена.