Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во прес конференција обвини дека изборите биле нерегуларни и најави дека по завршувањето на процесот ќе следуваат анализи во партијата.
„Првиот круг помина во недемократска атмосфера. Имаше физички пресметки, убиства, закани до наши кандидати за градоначалници. Полицијата беше главен заштитник на овие активности. Од многу страни добивме повици за поткуп. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности, со узурпирање на државните ресурси, со манипулација со гласачки ливчиња“, рече Груевски додавајќи дека сите претставки ќе бидат дадени и до меѓународните структури.
„За првпат во историјата на Македонија, полициски џипови возеа партиски активисти на СДСМ. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија“, рече Груевски, најавувајќи дека по изборите ќе следат анализи во партијата.
„Јас како претседател имам најголема одговорност“, рече Груевски, најавувајќи дека наскоро во партијата ќе решаваат за се во иднина.