Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски за последен пат во оваа 2017 година денес ќе се појави на судење.
Заедно со ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски се обвинети во случајот „Траекторија“ за провизиите за изградба на кинеските патишта. Ако се изземе јавувањето кај шалтерски службеник еднаш неделно во судот, ова е последно појавување во кривичниот суд за Груевски за 2017 година.
Засега за Груевски има активни 2 од 5 обвиненија. Судењата за „Титаник“, предметот за кој СЈО бараше за него притвор, „ТНТ“ за уривањето на Космос и „Тенк“ за набавката на екстралуксузниот мерцедес сè уште не се закажни.
Главната расправа за „Траекторија“ сè уште не е започната. Петчлениот судиски совет го одби барањето на адвокатот на Груевски минатото рочиште да биде одложено поради тоа што немало услови за визуелно и тонско снимање поврзано со АКМИС-системот.
Адвокатите на обвинетите го побараа ЦД-то со 315 прислушувани аудио-материјали, бидејќи како што рекоа, тоа е поради еднаквост на оружјата пред судот и дека како странка во постапката мора да ги имаат сите докази. Специјалната обвинителка Лиле Стефанова рече дека обвинетите во секое време и во предистражната и во истражната постапка можеле да направат увид во доказите. Таа рече дека Никола Груевски, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески, не сакале да ги слушаат бомбите кога биле повикани во специјалното јавно обвинителство. „Не можеме да ви ги дадеме бомбите поради опасност од размножување и вметнување. 315 бомби и ДВД со СМС-пораки ќе мора да ги слушате во судницата. Можеме само да ви ги дадеме транскриптите, но не и аудиоматеријалите“, рече обвинителката Стефанова.
Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 презеле повеќе дејства, со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според обвинението, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра.