Актуелно

Груевски бил жртва на дискриминација од Кривичниот суд и судијката Кацарска

Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.

Директната дискриминацијата врз поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски, е утврдена дека е извшена и од страна на Основниот суд Скопје 1, и од страна судијката Добрила Кацарска која во крајно контраверзна и незаконска експресно водена постапка со брзина како за никој друг претходно во Р.Македонија и со огромен број прекршувања на постапките, како и непрофесионално однесување без валидни докази го осуди Никола Груевски на две години затвор.

Истиот суд се подготвува деновиве да ја одбие жалбата по решението за одложување на извршување на санкцијата и можеби до петок, или најдоцна понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор.

И самиот Никола Груевски, но и бројни правни експерти во повеќе наврти јавно потенцираа дека поранешниот премиер и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон, на политичка хајка во која обвинителството-СЈО и судот се само инструмент и безпоговорен извршител на актуелната власт за негово политичко елиминирање, понижување, тортура и преку монтиран судско политички процес негово ставање во затвор.

Мислењето на независната комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на независен државен орган одговорен пред македонскиот парламент.

Утврдена директна дискриминација од независна државна комисија за заштита од дискриминација, од страна на судот, врз поранешен долгогодишен Премиер и пратеник од опозиција, во секоја нормална држава е скандал од невидени размери, кој не може да се релативизира или задскрие и не може да заврши без соодветна реакција на судските надзорни органи но и поширока општествена и институционална реакција.

Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општрствен статус од член 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Вечерва во 19 часот пред основниот суд Скопје 1 Скопје е закажан мирен законски протест за поддршка на Никола Груевски, против политичкиот прогон кон него и барање правда за него.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top