Груби тврди: Договорот за името со Грција ќе се потпише во следните неколку дена


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Гостувајќи во синоќешната емисија „Само вистина“, пратеникот на ДУИ и шеф на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, на прашање за процесот за името, рече дека денови се во прашање до потпишувањето на Договорот за надминување на спорот за името.

Груби нагласи дека како партија и како дел од власта биле целосно вклучени па дури и помогнале да се дојде до решение за името во делот на преводливоста во патните документи на националноста на припадниците на останатите етнички заедници во Република Македонија.

Пратеникот Груби кажа дека решението целосно го гарантира Македонскиот јазик и идентитет и дека тоа треба да се очекува меѓу еден од предлозите ан Нимиц кој не е отфрлен а тоа Северна, Горна или Нова или во некое друго покреативно. Во врска со барањето на лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села за дуел со лидерот на ДУИ Ахмети , Груби рече дека Села не е достоен за дуел со Ахмети.

Во врска со Законот за употреба на јазиците , Груби не исклучи можност тој да го чека новиот претседател на Република Македонија, наредната година иако рече и други опции се на маса. Во врска со претстојните претседателски избори , внатре во коалицијата со СДСМ се разговарало за консензуален кандидат и дека двете партии ја испробале поддршката една со друга на локалните избори. Груби го спомена Лазар Еленовски како еден од можните нивни кандидати како фаворит за изборите за шеф на државата наредната година.