Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пратеникот од редовите на Демократската Унија за Интеграција, Артан Груби преку Фејсбук статус повика политичките партии и медиумите, меѓупартиските судири да не ги прават етнички.
„Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е изјава напишана во Скопје, од страна на албанските партии во Македонија и е изјава за една европска Македонија. Еднаквоста не наштетува никому, еднаквоста и внатрешната интеграција се во функција на евро-атлантската интеграција.
Одделните точки од заедничката изјава на албанските политички партии извираат од нашите изборните програми, и на ниту еден начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат на никаков начин федерализација, ниту кантонизација ниту пак поделба на земјата. Прифаќањето на оваа Изјава од страна на сите граѓани е прифаќање на европските вредности.
Затоа, ги повикувам македонските медиуми и политички партии, нивните меѓупартиски судири да не ги прават на етничка основа а уште помалку користејќи одвоени делови од нашите изјави, ставајќи ги во хистеричен контекст на нивните концептуални судири бидејќи, прво, не е во полза на вистината, и второ е една опасна игра“ напиша Груби на Фејсбук.