Грција утрово ги затвори границите за српските државјани


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес наутро, во 6 часот, Грција ги затвори границите за државјаните на Србија, јавија српски Новости. Оваа информација за Новости ја потврди министерот за туризам Расим Љајиќ.

Министерот истакна дека по одреденото време никој нема да може да влезе во Грција, но дека туристите кои се веќе таму ќе можат да останат до крајот на своите аранжмани.

Тој смета дека причина за таа одлука е големиот број заразени со коронавирус во Србија.

Претходно во текот на денот се појави веста дека грчкото Министерство за надворешни работи може да донесе одлука за затворање на границата за Србите, а решението потоа и официјално е донесено.