Грција ги укинува турските серии поради пренамената на Аја Софија во џамија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како реакција на одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за пренамена на Аја Софија од музеј во џамија, грчката телевизија Антена (АНТ1) го укина емитувањето турски серии на својата програма.

Главниот уредник на телевизијата, Јоргос Пофанитис, вели дека се размислувало, по летната пауза, наесен да продолжи емитувањето на турски серии, но дека одлуката сериите да бидат забранети во целост била донесена по сето она што се случувало со Аја Софија.

На оваа телевизија во изминатите години биле емитувани 18 турски серии.

Ердоган на 10 јули оваа година потпиша декрет со кој се бараше Аја Софија да стане џамија, а Државниот совет веднаш потоа ја поништи одлуката донесена 1934 година со која Аја Софија беше претворена во музеј прогласувајќи ја за незаконска.

Минатиот петок, на 24 јули, беше одржана и првата молитва во џамијата на која учествуваа претседателот Ердоган и неговите најблиски соработници. Фреските и христијанските симболи во објектот беа прекриени со завеси.

На одлуката на турските власти, Аја Софија да стане џамија, освен православните цркви ширум светот, остри реакции имаа и САД, ЕУ и УНЕСКО. Сите го осудија непримерното однесување на Турција кон светското културно наследство.