Грозомор поради морбидна причина: Монструмот кој си ги избоде со нож близнаците во Штрпце


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дејан Крстичиќ (35) од Штрпце, Косово, со нож ги избоди своите синови близнаци Данило и Немања, при што на Данило ножот му го зарил блиску до срцето и со тоа го усмртил, додека Немања во тешка состгојба беше пренесен во болница, но малиот е надвор од животна опасност. Близнаците имаа само 40 дена.

Кога избезумениот татко тргнал со нож кон децата, со нив на креветот седела нивната мајка Ана. Сепак, таа не можела многу да направи за да го спречи, а на помош притрчал и братот од Дејан, но за жал и тој прекасно интервенирал, па двете синчиња веќе биле избодени од страна на таткото. Трагедијата се случи во понеделникот вечерта, а во куќата, освен Дејан и сопругата со близнаците, биле и неговиот брат и родителите.

Полицаецот Драган Ивановиќ за Blic изјави дека тој грозомор се случил поради вечерата. Дејан седел на масата со намера да вечера и ја повикал и сопругата Ана да му се придружи. Таа била со децата и му рекла дека не е гладна и нема да јаде. Тоа многу го разлутило Дејан, па го зел ножот, скокнал до креветот и без збор се нафрлил на децата. Сопругата и братот после некое време успеале да го совладаат и да повикаат брза помош.

Малиот Данило починал на пат кон болницата, а Немања, иако избоден, нема оштетување на виталните органи, па преживеа поминувајќи со рани во стомакот и вратот, како и исекотина на лицето.