Гром од ведро небо: Кина целосно го стопира увозот на американска нафта


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со еден гигантски економско-ресурсен потег Кина го зашемети Вашингтон целосно запирајќи го увозот на нафта од САД.Со овој потег само се потврдува фактот дека двете веле-сили се во жестока трговска војна.

Оваа одлука доаѓа во време на заострување на трговскиот судир на двете земји. Одлуката на Пекинг да оневозможи влез на американска нафта на сите пазар е „неочекуван потег“, бидејќи „црното злато“ досега не било зацврстено ни на една листа на производи кои Кина возвратно ги царини при увоз од Америка.

Претседателот на кинеската компанија која се занимава со транспорт на енергенси потврди дека е запрен увозот на сурова нафта.

„Ние сме едни од најголемите превозници на сурова нафта од САД во Кина. Претходно имавме добра работа но сега тоа е целосно прекинато“ – изјави Сје Чунлин претседател на ЦМЕЕ

Според податоците само во август Кина од Америка увезла 334 илјади барели нафта и по тоа била втор најголем американски купувач по Канада. Кина најмногу нафта купува од Русија 665 илјади барели,потоа од Саудиска Арабија и Иран. Цената на нафтата во последните недели расте поради стравот на пазарите покрај јасните назнаки за рекорден раст на американските залихи, постојан глобален економски раст и солидна побарувачка – фактори кои во неки други времиња влијаеле на спуштање на цените на движечката сировина на светската економија.

Од друга страна пак пред воведувањето на ваквата остра економска мерка до Кина, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина се уште не е подготвена за склучување трговски договор со САД

„Кина сака да склучи трговски договор, јас велам дека сѐ уште не се подготвени“, изјави Трамп.

Тој истакна дека парите заработени од данокот врз кинеските производи кои ги воведе Америка претходно ќе бидат насочени кон здравството.

Вашингтон и Кина претходно ја започнаа трговска војна со стапување на сила на новите царински давачки на 260 милијарди долари за кинеските и американските производи, со ризик да го загрозат глобалниот економски раст.

Занемарувајќи ги многубројните предупредувања од економистите и глобалните компании, администрацијата на Трамп воведе царински давачки од 10 отсто на 200 милијарди долари увоз од Кина на кои претходеа и други царински давачки за кинеските производи како и за челикот и алуминиумот.