Гробна тишина во градот на духовите: Чернобилскиот Припјат снимен со дрон (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Украинскиот град Припјат во кој некогаш со своите семејства живееја сите вработени во нуклеарната централа Чернобил, по фаталната и речиси катаклизмична нуклеарна хаварија во 1986 година преку ноќ стана град на духови.

Сепак, иако овој град е место во кое никогаш нема да се чуе детски глас, ниту да се врати животот, тој е омилена цел на фотографите, снимателите и авантуристите од целиот свет , кои ги споделуваат морничавите снимки од пустошот. Најновите снимки ги објави „јутјуберот“ Варен Арбексинг , кој користел дрон.

Снимките на празни улици и згради најдобро покажува колкава катастрофа се случила во градот во кој живееле 50.000 жители. Градот Припјат бил еден од дваесетината градови изградени за вработените во нуклеарките во тогашниот Советски Сојуз.

На 26. април 1986 се случи хаварија со експлозија на јадрото на нуклеарниот реактор, при што се ослободи радијација 400 пати поголема отколку онаа на атомската бомба во Хирошима. Жителите на Припјат на 25 километри од нуклеарната централа, веднаш биле евакуирани.

Илјадници од нив не преживеаја, а советските власти го премолчија овој страшен инцидент се до 14. мај , кога веќе евроопските земји почнаа да мерат зголемена радијација од облакот што доаѓаше од исток.