Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога ќе ги видите фотографиите, знаеме, ќе се насмеете како и ние, но не заборавајте на култната реплика од „Маратонците го трчаат почесниот круг“ – „Само смртта е сигурен бизнис“ (Samo je smrt siguran posao). Овие од гробаријадава тоа го знаат од искуство.
Традиционалниот и крајно несекојдневен собир на погребални фирми, симболично наречен „Гробаријада“, во српскиот град Пожаревац собра околу 250 погребници во десеттото по ред издание на оваа…манифестација.
Изминатата една деценија приватниците со погребална опрема во Србија секој ноември го организираат ова дружење во родниот град на еден од најпознатите погребници на Балканот, Радиша Михајловиќ Дрнда.
Посебно внимание оваа година привлече специјалната торта направена за манифестацијата во форма на мртовечки сандак. На прославата се играше и пееше, а добрата атмосфера (ние тука пак се смееме 😀 ) ја зачинија и трубачи.