Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман пред денешниот дуел со Интер призна дека сонува да ја освои Лигата на шампионите.
„Сите сонуваат да ја освојат Лигата на шампионите. Сонувам и јас и тоа многу. Моја задача е да придонесувам за победи на тимот, тоа важи и за следната средба. Се надевам дека вечер ќе имаме добро издание и со помош на нашите навивачи на крајот сите заедно ќе се радуваме“, изјави Гризман.
Французинот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ и призна дека тешко му оди комуникацијата со најголемата ѕвезда во тимот, Лионел Меси.
„Меси не е човек кој многу зборува, како што не сум ниту јас, така што понекогаш е навистина тешко да се разговара со него. Меѓутоа и двајцата сме добри момци и јас дојдов во Барселона за да и помогнам на екипата да продолжи да освојува трофеи. Среќен сум во Барселона и тука се чувствувам добро, а и самодовербата ми е на високо ниво. Знам дека ми недостасуваат многу работи за да го видите најдоброто од мене, но најважно е што се наоѓам на добар пат тоа да го постигнам“, истакна Гризман.