Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Антоан Гризман ова лето беше на мета на многу богати клубови, но се одлучи да остане во Атлетико Мадрид, пред се поради Диего Симеоне.
Французинот потпиша нов договор со откупна клаузула од 100 милиони евра, но постијат неколку клубови кои се спремни да ја платат таа сума, па затоа медиумите тврдат дека нема уште долго да остане на „Висенте Калдерон“.
„Никогаш не би преминал во Реал Мадрид. Во овој момент не размислувам за трансфер, но мојата следна станица најверојатно ќе биде Премиер лигата“, истакна Гризман.
Французинот исклучи враќање во својата татковина каде силен интерес за него покажува Пари Сент Жермен.
„ПСЖ има интересен проект, но јас не сакам да играм во Лига 1. Подобро би останал во Примера или бо отишол во Премиер лигата. Не сакам сега да се враќам во Франција“, призна напаѓачот.