Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Антоан Гризман во наредните денови треба официјално да стане нов фудбалер на Барселона.
Гризман уште пред неколку месеци потврди дека ова лето го напушта Атлетико Мадрид, но Барселона сеуште ја нема активирано откупната клаузула од 120 милиони евра, па „јорганџиите“ порачаа дека го очекуваат Гризман на припремите за новата сезона.
Каталонски „Спорт“ утрово објави дека Гризман вчера не се појавил на првиот тренинг на Атлетико Мадрид и порачал Барселона што побрзо да ја заврши оваа трансфер сага.
Гризман смета дека нема смисла да го направи тоа кога веќе се опрости од своите играчи. Тој во четврток би требало да допатува во Барселона на лекарски прегледи и да го потпише договорот, а во петок официјално би требало да биде преставен на „Камп Ноу“.