Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тинејџерката Грета Тинберг со нејзиното движење за освестување на жителите на планетата Земја привлече светско внимание и изнесе илјадници млади луѓе на улиците ширум цела Европа. Сите поборници кои се приудружија на нејзиното движење протестиртаат против климатските промени.
,,Штрајк за клима” – тоа е слоганот под кој илјадници млади луѓе во Европа , а и низ светот организираат протести , за кои идејата ја поттикна 16 годишната Швеѓанка Грета Тинберг. Таа минатото лето секој викенд штрајкуваше пред Парламентот во Стокхолм , за да апелира до пратениците да направат нешто против глобалното затоплување.
Fridays for future. The school strike continues! #climatestrike #klimatstrejk #FridaysForFuture pic.twitter.com/5jej011Qtp
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) September 16, 2018
Само по неколку месеци нејзината идеја беше прифатена од младите и во Брисел, Берлин, Лондон, Хаг, но и во Сиднеј.
Илјадници средношколци излегоа на улиците со барање до политичарите да се направи нешто за нивната иднина. Таа денеска ги предводи протестите во Париз под мотото ,,Нашата куќа гори”.