Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Често родителите сакајќи нивното дете што побрзо да го надмине стравот од капење во езеро или море прават грешки кои наместо да му помогнат, само ја влошуваат состојбата.
Родителите често не се свесни дека токму тие се најголемите виновници што нивното дете не сака вода. Затоа, треба да знаат дека не треба да ги прават грешките кои можат само да го зголемат стравот на детето да ужива на одмор на море или на езеро.
Кои се најчестите грешки:
1. Никогаш не ги присилувајте дека мора да влезат во вода. Пуштете ги сами да одлучат кога ќе го направат тоа.
2. Ако детето панично вреска при секој обид да се наводени, обидете се со разговор да дознаете од што се плаши.
3. Не прскајте ги намерно, детето дури тогаш уште повеќе ќе се оддалечи од водата. Особено ако не сакаат поладна вода.
4. Децата кои штотуку се проодени не ги водете во длабокото, бидејќи ќе го зголемете стравот од губењето на тло под нозе.
5. Децата непливачи не ги форсирајте во вода која е подлабока од нивото на нивните гради, за да спречите блокирање на дијафрагмата, која може привремено да им го запре дишењето.
6. Не терајте ги да нуркаат. Подобро вие правете го тоа почесто во нивна близина, па и вашето дете ќе посака да ве копира.
7. Научете ги како да не голтаат вода така што уште од мали, в када, ќе ги научите да издишуваат во вода. Тоа е златен трик со кој ќе го научите детето да издувува, а не да вдишува во непосредна близина на вода и ќе сфатат дека водата нема да им влзе во уста или в нос.
8. Кога ќе ги совладаат своите стравови, оставете ги да уживаат колку што сакаат, но вашиот поглед постојано нека биде прикован за нив. Не знаете каква ситуација може повторно да го разбуди стравот кај нив….