Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пари Сен Жермен со пораз ја заврши сезoната во француското првенство.
Парижаните така го запишаа четвртиот пораз во последните девет натпревари во превенството, а два пати одиграа нерешено и победија само на три натпревари.
Екипата на Томас Тухел сезоната ја заврши со 91 освоен бод и поради лошата форма во финишот од сезоната не успеаа да освојат 100 бода.
Поради лошата форма ПСЖ остана и без трофејот во купот каде што во финалеот беа поразени од Рен после изведувањето на пенали (2:2).
Вчера ПСЖ изгуби со 3:1 од Ремис, а најголем виновник за овој пораз можеби е голманот Џанлуиџи Буфон.
Легендарниот Италијанец првиот гол го прими од еден тежок агол и тоа меѓу нозе, кај вториот имаше една навистина лоша реакција на не толку добар удар. Во продолжението прими и трет гол за кој веројатно не беше толку виновен, но и тука може да му се забележи поради катастрофалното лошо истрчување. (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОВДЕ)
Извор: Спортски.мк