Живот

Грешката која постојано ја правиме во сексот – ситница клучна за добар секс

Сексуалните совети денес „вриштат“ на сите страни. За некои од нив сме чуле милион пати, а некои се обидуваме и да ги примениме за подобрување на сексуалниот живот. Но, некои навистина се прекомплицирани.

Сепак, изгледа сите треба да се вратиме на основите, бидејќ сексологот Меган Стабс, како што пишува Her, вели дека тајната на успешно зачинување на сексуалниот живот е во сексот со вклучено светло.

Ја продлабочува емоционалната врска

Да, многу е лесно и едноставно. Но, за повеќето има една цака. Имено, вклучените светла можат негативно да влијаат на емоционалната поврзаност со партнерот, бидејќи не е лесно да се сексате „под рефлектори“, ако веќе сте се навикнале поинаку.

„За некои таа идеја е прилично застрашувачка, но кога го делите тој ранлив простор со својот партнер, можете да ја продлабочите вашата врска“, вели Стабс. Што е уште подобро, светлото може дополнително да го поттикне либидото од партнерот и да го зголеми нивото на сексуално задоволство.

Ако се плашите дека партнерот на вас полесно ќе забележи некои недостатоци, време е да престанете да се оптеретувате со изгледот бидејќи, верувајте, тој ве гледа како целина и не го пребарува секој сантиметар кожа за да ве критикува. Ако се опуштите и го пуштите мозокот „на пасење“, повеќе ќе уживате. Двајцата!

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top